XВестиЛокално

Видео од силната сообраќајна несреќа на влезот во Скопје меѓу камион и автомобил кои изгореа целосно

Тешка сообраќајна несреќа се случила доцна синоќа на влезот во Скопје, во близина на населбата Хиподром, каде по силен судир меѓу патничко возило и камион, двете возила биле зафатени од пламен и целосно изгореле.

Како последица на несреќата, 25-годишно лице се здобило со тешки телесни повреди. Поради интервенцијата на итните служби и увидот на местото на настанот, сообраќајот на автопатот Скопје–Куманово бил во прекин неколку часа.

Според информациите од МВР, несреќата се случила кога патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В. (25) од село Бујковци, директно се судрило со товарно возило „Мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипски регион.

По силниот удар, возилата веднаш биле зафатени од пожар, при што биле создадени драматични сцени. Возачот на „БМВ“-то се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

На местото на настанот интервенирале полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош. Надлежните органи работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.PortaliX

Related Articles

Back to top button