XВестиЛокално

МВР отвори истрага по објавувањето на ПорталX за командирот Миленковски

Министерството за внатрешни работи соопшти дека започнало истрага во врска со користењето на службеното возило од страна на командирот на ПС Кочани, Горан Миленковски.

Случајот стана јавен по објавувањето на ПорталX, според кое на 12 декември Миленковски бил фотографиран додека го користел службеното возило за да присуствува на приватна забава и го паркирал пред ресторан. Не станува збор за полициска интервенција или итен случај, туку за приватна активност.

Според достапните информации, службеното возило му било на располагање на командирот поради привремената должност во Кочани, за да се избегнат трошоците за патување Скопје–Кочани–Скопје. Сепак, правилата на МВР предвидуваат дека по завршување на смената возилото треба да се врати во најблиската полициска станица според местото на живеење и не смее да се користи за приватни потреби. Паркатањето на тротоар претставува прекршок на правилата за сообраќај и на внатрешните правила на МВР.

ПорталX постави конкретни прашања до МВР за случајот, барајќи да се појасни кој дал наредба за користење на службеното возило, целта на патувањето и дали се констатирани прекршоци.

МВР реагираше со соопштение:

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности за утврдување на околностите и за расчистување на случајот.“

Related Articles

Back to top button