
Во изолираната и студена пустина Гоби во Монголја се гради уникатен проект кој треба да им овозможи на луѓето да го искусат животот на Марс без да ја напуштат Земјата. Организацијата MARS-V поставува целосна аналогна станица, слична на идните марсовски бази, каде учесниците еден месец ќе живеат како астронаути. Пејзажот со црвенкаста почва, екстремните температури и целосната осаменост ја прават Гоби најмарсовското место на нашата планета.

Патување кон изолацијата
Учесниците се избираат преку физички и психолошки тестови и претходно поминуваат тримесечна виртуелна астронаутска обука. По напуштањето на Улан Батор се одземаат сите електронски уреди и комуникацијата со „Земјата“ се одвива со задоцнување, за да се симулира далечината меѓу планетите.
Живот како астронаут
Животниот простор се состои од меѓусебно поврзани капсули со спални соби, лабораторија и стакленик за растенија. Секој ден минува според строг протокол со физичка активност, медитација, истражувачки задачи и излегувања на терен со прототип вселенски одела. Симуациите се спроведуваат во најсуровиот период од годината, кога температурите во Гоби паѓаат и под –30°C.
Марсовска исхрана со монголски вкус
Менијата се базирани на дехидрирани монголски специјалитети — како манти, јагнешко месо и зеленчук — кои се подготвуваат како вселенска храна. И концептот на хабитатите е инспириран од монголските гер шатори, традиционално решение за опстанок во сурови услови.
Вселенски туризам што е достапен
И додека вистинскиот лет во вселената чини десетици милиони долари, престојот во „марсовската колонија“ во Гоби се очекува да чини околу 6.000 долари по лице. Проектот сè уште се гради, а туристите се планира да бидат примени во 2029 година — како поевтина и побезбедна верзија на вселенска авантура.
Авантура што менува
Според тимот на MARS-V, еден месец во ваква средина нуди ново гледиште кон животот и човештвото. За сите кои веруваат дека иднината на човекот е мултипланетарна, Монголја нуди шанса да се стане дел од таа историја — без да се напушти Земјата.



