Uncategorized @mk

Плати 39.000 евра за работно место – остана без пари и без работа(Видео)

Сега треба да направам ситуација каде што, наместо да ти дадам 38.000 евра, сум принуден да ги поделам на 10 луѓе и да донесам мир во куќата секаде.

Ако дојде до ситуација, еве ти и Никола ми сте сведоци дека половина од тие пари што ќе ви ги вратам вам, треба да му ги вратам на Тони.

Нема проблем, ќе земам кредит и ќе ги вратам.

Со некои мои таму погоре разговарав, му реков и на Филип – ако дојде ситуација да поднесам кривична пријава за нив, Филип ќе ми биде сведок.

Оваа работа е завршена. Петнаесетти е веќе, 1-ви јули е тука. Јас, Никола и Филип ќе се видиме, Блашко нека слуша, ќе се договориме и ќе се заврши работата”.

Овој разговор помеѓу Благоја Коруноски, Киро Затковски и Филип Дунимаглоски трае веќе над три години.

Го излажаа, му зедоа голема сума на пари и измамите продолжуваат и денес.

“Еден ден ништо нема да смени во животот, туку ќе ме одведе уште подлабоко во лавиринти. Како ќе излезам, ќе покаже времето.

Предлогот е да не се посрамиме сите, сокриј ја фотографијата за два дена.

За тоа што ти го кажа, што го напиша како порака, јас ќе научам лекција која многу ќе ме чини во животот.

Ме закануваш сега?

100% ти се заканувам.

Добар ден”.

Кога видоа дека играта заврши, дека има кривична пријава и случајот ќе стане јавен, се обидоа да не’ поткупат и нас.

“Сѐ е средено за никој да нема против. Еден ден ништо не менува. Во понеделник ќе биде. Ти реков, ако не се среди до 4 часот, нека објави Фуркан.

Ќе го почестиме  тој.

Во Скопје три пати бевме во Внатрешна контрола.

Знам, сѐ знам.

Два пати бевме и кај министерот, кај Панче.

Тоа не е важно”.

Дали се согласуваш да се стопира кривичната пријава?”

“Се работеше за работно место и социјален стан, ветено од мојот пријател, поранешниот градоначалник на Кривогаштани. Рече дека се грижи за нашето семејство и сака да ни помогне. Рече дека може да нѐ вработи и да добиеме социјален стан од државата.

-Тој дојде со понудата?

Да, лично тој дојде со понудата.

Со брат ми, неколку дена откако се видовме кај него дома. Ни рече дека може да заврши работа за вработување во МВР – едно работно место за мене, за брат ми и социјален стан.

Сето тоа треба да се плати и ни рече дека има луѓе што треба да ја завршат работата.

-Колку пари ви побара на почеток?

На почетокот по 5.000 евра, а по неколку дена побара уште по 3.000 евра, така што сумата стигна до 39.000 евра.

Сфативме дека нема да има ни вработување, ни ништо. Ни се закануваа дека ќе ги изгубиме парите. Ако зборуваме наоколу, ако ги пријавиме, ќе ни се одмаздат со нивни методи”, изјави Филип Дунимаглоски.

Во периодот 2013–2016, Општина Кривогаштани, претставувана од пријавениот во својство на градоначалник, склучила повеќе договори со приватни компании, бензински пумпи.

Кај првиот отидовме дома, се сретнавме, но одби да се изјасни за случајот.

А вториот, Благоја Коруноски, глуми верски водач и хуманитарец на TikTok.

„Добар ден на сите. Како што најавив вчера, имаме една убава информација за хуманитарната организација. Особено за луѓето на кои им треба облека, храна и слично. Екипата, како што гледате, и денес сме на терен. Овој пат помагаме со храна за луѓето кои немаат што да јадат“

Да оставиме сè на страна… На крајот на краиштата, тој е патриот.

„Еден од неговите најблиски соработници е познат на TikTok – Makedonija BK, се вика Благоја Коруноски.

-Како е тој вмешан во ова? Разбирам дека имал висока функција, дека има луѓе, ама тој како?

Тој му беше соработник.

-Дали му имаш дадено пари?

Да, во повеќе наврати лично му имам дадено пари на Благоја. Му праќав и на банкарска сметка – околу 470.000 денари“, изјави Филип Дунимаглоски.

Филип Дунимаглоски го пријавил случајот во обвинителството за организиран криминал во Скопје, оттаму предметот бил префрлен во Прилеп. Три месеци – ништо конкретно. Поради недоверба кон обвинителството, Филип реши јавно да проговори.

„Јасно е дека и ти преземаш ризик со ова појавување, бидејќи си дал пари за вработување. И тука има правна одговорност.

Зошто го правиш ова?

Свесен сум за одговорноста. Знам дека сум дал пари и дека сум вмешан.

Сето ова се случи во краток период. Немав време да се консултирам со пријатели и семејство. Од почит кон мојот роднина, на кого му бев десна рака како градоначалник, а потоа и како висок функционер во АНБ, верував дека навистина сака да ни помогне. Затоа решив да го направам овој чекор со доверба дека, што и да се случи, тој ќе ја преземе одговорноста за мене и моето семејство„.

Related Articles

Back to top button