Извршителката Весна Јакимовска која го нападна Фуркан Салиу излегува пред правдата

На 7 јули започнува судењето против извршителката Весна Јакимовска од Кичево, која на 21 март 2024 физички го нападна новинарот на ПорталX, Фуркан Салиу, како и уште еден полицаец во моментот кога е однесена во полициска станица во Кичево. По повеќе од една година, извршителката ќе се соочи со правдата, обвинета за физички напад врз двајца службени лица – новинарот и полицаецот – како и за уништување на службен материјал.
Во март 2024 година, екипата на ПорталX отиде во канцеларијата на извршителката за да ја побара другата страна, поради неколку поплаки што редакцијата ги имаше добиено за нејзиното работење. Но, наместо да даде одговори, на кои беше обврзана пред јавноста и оштетените граѓани, таа се реши за насилство.
Јакимовска, како што тогаш соопшти МВР, по нападот врз полицаецот, исто така го уништила и службениот материјал.
Овој случај предизвика реакција од сите новинарски организации – Здружението на новинари на Македонија, Агенцијата за медиуми, како и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници – но и од институциите на правдата. Медиумскиот сектор побара одземање на лиценцата за работа на извршителката.
Подолу се наведени две од сториите што ги објави ПорталиX поврзани со работата на извршителката.


