XВестиXВести

Општина Куманово: Не го дискриминираме Карате клубот Башкими 2002

„Не можеме да им ги покриме целокупните трошоци“

„Не постои никаква дискриминација на Карате клуб Башкими 2002“, велат од Општина Куманово по објавената сторија на Порталикс каде што тренерот на клубот се пожали за распределбата на буџетот од страна на општина Куманово.

Од општина Куманово велат дека не значи до крајот до оваа година ќе земат само 55 илјади денари. Исто така додаваат дека средствата кои ги доделуваат на клубовите се со цел да им се помогне, а не да им се покријат целокупните трошоци.

„Што се однесува до Карате клуб Башкими 2002 истиот во текот на 2022 година како клуб кој се реактивира (без претходно поднесена програма за 2022 година) добил средства во висина од 44,000 денари иако истите не биле предвидени во нашата програма. За 2023 и 2024 година добиле по 25,000 денари по програма плус за 2024 г. дополнителни 20,000 денари. Од изнесеново се гледа дека за 2025 година им се одобрени повеќе средства одколку до сега, т.е 55,000 денари, што не значи дека тоа би бил крајниот износ до крајот на годината“, објаснуваат од Општина Куманово.

Related Articles

Back to top button