Никола требаше да почне во шесто одделение, но се врати дома плачејќи бидејќи немаше образовен асистент.
„Никола се врати дома плачејќи. Моето дете разбра дека е дискриминирано, министерката тоа не го разбра. Ова е уште повознемирувачки бидејќи до петто одделение имаше една наставничка, а сега ќе има повеќе наставници,“ изјави Зоран Мијалков, родител.
Логопедот на основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип изјави дека родителите треба да бидат трпеливи бидејќи се очекува асистентите за образование да започнат со работа до 15-ти септември. Таа додаде дека ова не зависи од училиштето, туку од Министерството за образование и наука.
„Родителите треба да бидат трпеливи. Се надеваме дека до 15-ти септември процесот ќе биде завршен. Ќе влијае, секако ќе влијае. Ова му ја скратува правото на детето да започне со настава од првиот ден, но ова не зависи од нас. Тоа е од МОН. Се надевам дека проблемот ќе се реши и дека сите ќе бидат задоволни,“ изјави Анета Едровска од основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип.
Од МОН, пак, велат дека до крајот на неделата ќе бидат обезбедени асистенти и дека секое дете што има потреба ќе добие помош.
„Ќе се потрудиме да обезбедиме асистенти, но не можам да гарантирам дека секое дете ќе има свој асистент. Зошто? Поради тоа што законот вели дека еден асистент може да работи со два или три деца, во зависност од степенот на попреченост. Дали има буџет за тоа? Ќе бараме, ќе видиме каде има потреба и ќе покриеме таму. Бучетот е ограничен и искрено нема за сè,“ изјави министерката за образование Весна Јаневска.
Зоран е исто така претседател на здружение, според него околу илјади деца имаат проблем со образовен асистенти.