XStoryXВести

Компанијата Топ Билд го напаѓа #Порталикс во обид да дефокусира

Жителите и бизнисмените протестираат, документите на маса, обвинителството спие

По објавата на Порталикс за изградбата на афлатната станица во Визбегово и нерегуларностите кои ги направиле при изградба на патот во село Побожје, реагираше компанијата Топ Билд.

Истото го направи и компанијата Топ Билд денес, која сака да изгради база за асфалт во близина на хотелски објекти, центар за дијализа и населени места.

„Топ Билд му пречи некому затоа што е компанија која неуморно инвестира во нови технологии во согласност со строгите стандарди на ЕУ“.

Од Топ Билд велат дека плаќаат бруто плати повисоки од просечната плата во државата и дека плаќаат даноци.

Од тоа што го виде екипата на Порталикс на терен можеше да се утврди дека освен што квалитетот на асфалтот е дискутабилен, никаде не можевме да ја најдеме улицата 2а, 2б и 2в, во понудата што ја имате потпишано имате поставено цена од 70 денари за квадратен метар за поставување на банкини.

Над 120 000 денари граѓаните платиле само за банкини.

За улицата 2а која според документацијата доставена од самата компанија е долга 342.38 метри, граѓаните платиле 30 785 евра.

За улицата 2б која е долга 130 метри, граѓаните платиле 11 427 евра.

За улицата 2в која е долга 105.85 метри, граѓаните платиле 10 004 евра.

За улиците 5 и 7 кои се долги 193.35 метри, граѓаните платиле 20 021 евра… и така натаму.

Порталикс не тврди дека работата е скапа или евтина, туку едноставно отвори дилема дали соработката на Топ Билд со општината Чучер Сандево влијаела компанијата да добие дозвола за градба.

Во видео материјалот може да ја видите целата сторија.

Related Articles

Back to top button