XStoryXВести

Систина му нуди бесплатна операција, адвокатот со епски одговор

“Што ако идеме на лево колено да се оперира а завршиме со рака оперирана”

По голгота низ која помина во болницата Систина, Ремзи Точила правдата ќе ја бара во скопскиот суд. Тој ја тужи болницата за целата физичката и психичката тортура која ја доживеал. Седница еднаш беше откажана бидејќи предметот го зеде друг судија. Сега се очекува првата судска седница да се одржи на 10 јули. Точила го застапува адвокатот Иван Шајн, кој ги собрал сите документи кои докажуваат дека се работи за административна грешка на болницата.

Систина на еден начин ја призна грешката, за да го замолчи пациентот, му понуди да го оперира другото колено бесплатно.

Систина не сакаше да даде детали за случајот со образложение дека предметот е во судска постапка, но побара од судот Точила да депонира 1 милион денари.

Според законот за заштита и права на пациентите, секој пациент пред операцијата мора да даде согласност што се оперира и каде се оперира.

Related Articles

Back to top button