XВести

Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите го поздравува ослободувањето на Фуркан Салиу

Насилното апсење на новинарот Фуркан Салиу со големо внимание беше проследено од локални и меѓународни новинарски организации.

Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите со реакција го поздрави ослободувањето на новинарот Салиу по неколкучасовниот притвор во полициската станица, притоа наведувајќи дека ќе продолжи внимателно да го следи правниот епилог од овој случај.

„Го поздравуваме ослободувањето на новинарот Фуркан Салиу и снимателот Фатлум Алиу и монтажерот Аритон Рамадани. Ќе го документираме овој инцидент на нашата платформа Mapping Media Freedom и ќе бидеме подготвени да обезбедиме правна помош на тимот на PortaliX. Ги повикуваме надлежните да дадат целосни појаснувања за случајот, но особено за проверка на автомобилот и бришење на видеата“, изјави Флутура Кусари, правен референт на ECPMF.

Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите е со седиште во Лајпциг, Германија и документира напади врз новинари на платформата „Mapping Media Freedom“.

Related Articles

Back to top button