
·3 min
Светло само за Бајрам – Комисијата утврди етничка дискриминација од Општина Гази Баба
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека Општина Гази Баба ги дискриминирала жителите на улицата „Методија Андонов Ченто 2“ во населбата Економија врз основа на нивната етничка припадност. Според одлуката, Општината намерно го исклучувала јавното осветлување по 21:00 часот, лишувајќи ги жителите од јавна услуга што ја плаќаат преку истите комунални давачки како и сите други граѓани.

