Portali X
Сторија

Вајц: По локалните избори, Македонија мора да го отвори поглавјето на уставните измени

1 min 10

Австрискиот европратеник Томас Вајц испрати јасна порака до Скопје: по локалните избори се очекува Северна Македонија да го направи чекорот што Брисел одамна го бара – уставни измени со кои бугарската заедница ќе се внесе како малцинство.

Во интервју за Европската новинска агенција (ENR), Вајц нагласи дека тоа е „клучот за вистинскиот почеток на пристапните преговори“, предупредувајќи дека секое одложување може да ја поткопа довербата во процесот на евроинтеграција.

„Процесот на пристапување е отворен, но во суштина преговорите сè уште не започнале. Време е земјата да го направи следниот чекор и да остане на европскиот пат,“ изјави Вајц.

Изјавата доаѓа веднаш по завршувањето на првиот круг од локалните избори, во период кога повторно се очекува отворање на темата за уставните измени.

Сподели

Слични