Portali X
Storje

Уапсен Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ

1 min 19
Ky artikull nuk është përkthyer ende në shqip.

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, денеска е приведен во рамки на истрага во која се опфатени уште 15 лица, дознава Портал Икс од извори.

Според информациите со кои располагаме, предмет на истрага се и три компании поврзани со случајот.

При претрес кај Ѓорѓиоски, како што дознаваме, биле пронајдени пари во кеш.

Повеќе детали за акцијата се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.

Ndaje