Portali X
Lajme

Словачкиот претседател Пелегрини во официјална посета на Македонија

1 min 0
Словачкиот претседател Пелегрини во официјална посета на Македонија
Ky artikull nuk është përkthyer ende në shqip.

Претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, денеска престојува во официјална посета на Република Македонија. На свечена церемонија во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе се одржи тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок меѓу двете делегации.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и словачкиот министер за економија, Владимир Шимоњак, ќе потпишат меморандум за соработка во економската сфера. По потпишувањето, ќе следи заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Пелегрини.

Во рамките на посетата, Пелегрини ќе ја посети и Собраниската зграда каде ќе има средба со претседателот на Парламентот, Африм Гаши, а потоа ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Ndaje