Portali X
Lajme

Се затвора депонијата во Никуштак

1 min 0
Се затвора депонијата во Никуштак
Ky artikull nuk është përkthyer ende në shqip.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково, соопшти вечерва Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди, се посочува во одлуката на Меџити.

Од МЖСПП појаснуваат дека одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици и дека наредбата стапува на сила веднаш.

Министерот поладнево на брифинг со новинарите информираше дека се дадени наредби за контрола на сите депонии во државата и не регистрирани локации за отпад.

Ndaje

Të ngjashme