Portali X
Lajme

Самит на европските лидери во Копенхаген

1 min 0
Самит на европските лидери во Копенхаген
Ky artikull nuk është përkthyer ende në shqip.

Во Копенхаген денеска се одржува самит на лидерите од 47 европски земји, на кој во фокусот се поддршката за Украина и зајакнувањето на безбедноста на континентот. На маса ќе бидат и теми поврзани со економската стабилност и миграцијата.

На средбата се очекува присуство на украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Домаќин е данската премиерка Мете Фредериксен, а настанот, како и секогаш, ќе отвори можности и за низа билатерални разговори.

Европската политичка заедница беше формирана по руската агресија врз Украина во 2022 година, со цел да ја нагласи изолацијата на Москва. Во неа членуваат 27-те држави на Европската Унија и уште 20 партнери, меѓу кои е и Северна Македонија. Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со која ќе копретседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама.

Ndaje