Portali X
Сторија

Раст на цените на нафтата

1 min 13

По американските санкции за руските нафтени компании Лукоил и Роснефт цените на нафтата на меѓународните берзи денеска се искачија над 65 долари за барел.

На берзата во Лондон цената на барел нафта се зголеми за 2,7 долари во однос на вчера и се тргуваше за 65,29 долари.

Додека на американските берзи барел нафта достигна 61,26 долари односно се тргуваше за 2,76 долари повеќе во споредба со вчера.

Сподели

Слични