Portali X
Lajme

Пожарите поминаа, властите се координираат за предизвиците во зима

1 min 0
Пожарите поминаа, властите се координираат за предизвиците во зима
Ky artikull nuk është përkthyer ende në shqip.

Во Центарот за управување со кризи денес се одржа координативен состанок со претставници од сите надлежни институции и организации, со цел подобра подготовка и координација за претстојниот зимски период.

На состанокот директорот на ЦУК, Мухамед Али, и заменик директорот, Трајче Јовановски, ја истакнаа важноста на навремената координација, комуникација и заедничко делување на сите институции во Системот за управување со кризи.

Се разговараше за состојбата на терен, временските прогнози, состојбата на патиштата и можните појави на свлечишта и одрони, како и за нивото на водостоите на реките и другите критични точки.
Се разгледаа и активностите на Црвениот крст поврзани со згрижување и помош на загрозените лица и бездомниците.

Целта на состанокот беше зајакнување на координацијата и комуникацијата меѓу сите субјекти во Системот за управување со кризи, за навремено реагирање и преземање на мерки при евентуални ризици и опасности во зимскиот период.

Посебен акцент беше ставен на потребата од навремено известување, користење на бројот 112 за итни повици и размена на оперативни планови меѓу институциите.

ЦУК ќе продолжи со редовно следење на состојбите и со координација на активностите со сите надлежни субјекти, со цел обезбедување навремена и ефикасна реакција во претстојната зима.

Ndaje