Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за Општина Сарај, Мухамед Елмази, одржа средба со жителите на селото Семениште, родното место на неговите предци, каде што ја истакна силната поврзаност со корените и посветеноста кон општината.
„Денес во Семениште, родното место на моите предци, се почувствував уште посилно поврзан со моите корени. Средбата со моите сограѓани ми даде емоции и доверба дека заедно ќе го изградиме Сарајот што го заслужуваме,“ изјави Елмази.
Тој потенцираше дека блиската соработка со граѓаните ќе биде темел на неговата програма за развој на Сарај и дека поддршката што ја добива на терен е јасен показател за желбата за промени.

