Тие две фигури очигледно му се модел за „совршен лидер“, како што и самиот пишува во неколку од неговите објави. На пример, во една објава Ким Џонг Ун го нарекува „храбар лидер“, додека во друга споделува негови закани за Трета светска војна.
“Северна Кореја : Ништо не е готово и ништо сеуште не е почнато. На работ сме на светска војна и сите мораме да се припремиме .
Ким Јонг Ун : " Нема друг начин за справување со глобалистичките насилници и злосторници "
Има симпатии и кон Иран — редовно објавува фотографии и содржини со кои ги возвишува иранскиот лидер и неговата држава.
Но, најголема наклонетост изгледа покажува кон рускиот претседател Владимир Путин. Него го објавува главно во контекст на воени изјави, демонстрација на сила и храброст, како и во моменти кога Русија ја промовира својата воена технологија.
Во една објава, на пример, пишува:
“Моментално во : "Русија и технологијата на оружје."
Групата Калашников произведе први РПЛ - 20 лесни митролези на траки.
Ова е прв митролез со лесен појас кој го разви студиската канцеларија Калашников имајќи ги во обзир препораките на клиентите, со стандарден капацитет, со 100 до 200 патрони”.
На крајот, останува само едноставното прашање: Кој всушност беше убиецот на деца додека беше жив?

