Portali X
Сторија

К-15 за 2025: Околу 300 евра во приватниот сектор и 200 евра во администрацијата

1 min 9

До крајот на календарската година, работниците задолжително ќе ги добијат околу 300 евра, односно 18.000 денари како регрес за годишен одмор.

Минималниот износ за регрес, согласно законот, е 40% од просечната исплатена плата. За оваа година тој изнесува 18.141 денари за приватниот сектор, додека за јавниот сектор сумата е 12.372 денари.

Работодавачите се обврзани до 31 декември да го исплатат К-15, кој мора да биде најмалку 40% и најмногу 100% од просечната плата.

К-15 им следува и на административните работници, но износот за нив е за околу 100 евра понизок од оној во приватниот сектор.

Доколку вработените не го добијат законскиот минимум за К-15, можат да пријават во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш годишно и е задолжителен за работодавачите во приватниот сектор, за сите вработени кои работеле најмалку 6 месеци кај истиот работодавач во текот на календарската година.

Сподели

Слични