Portali X
Storje

Израел ќе ослободи 11 затвореници од Хамас според договорот за Газа

1 min 5
Ky artikull nuk është përkthyer ende në shqip.

Израелското воено радио денеска објави дека, согласно постигнатиот договор за Газа, ќе бидат ослободени 11 затвореници од редовите на Хамас, а не од Фатах, како што било првично предвидено.

Според достапните информации, измената на списокот на ослободените била направена во последен момент.

Воен портпарол потврди дека прекинот на огнот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење „Хамас“ стапи во сила денеска напладне.

Договорот е прва фаза од мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп и предвидува ослободување на сите израелски заложници, како и повлекување на израелските сили до заеднички договорена линија во Газа.

Израел, според договорот, ќе ослободи околу 250 Палестинци осудени на доживотен затвор и приближно 1.700 лица притворени по нападот на Хамас пред две години, кој ја предизвика војната.

Ndaje