Portali X
Lajme

Дабова шума и папрат горат на планината Добра Вода, а мешана шума во Чучер Сандево и Липково

1 min 0
Дабова шума и папрат горат на планината Добра Вода, а мешана шума во Чучер Сандево и Липково
Ky artikull nuk është përkthyer ende në shqip.

Шест пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 12 часот на територија на државата. Два се активни, два се под контрола, а два изгаснати, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи.

Првиот активен пожар е на територија на општина Македонски Брод. Дабова шума и папрат горат над селото Бенче на планината Добра Вода. Вториот активен пожар е во регионот на општините Чучер Сандево и Липково - селата Малино, Танушевци и Лукаре. Опожарена е мешана шума.

Под контрола се пожарите во општина Прилеп, село Дабница и место викано „Три багреми“, каде горат ниска вегетација и ѓубре и во гевгелиското подрачје, приземниот пожар на планината Кожуф.

Во општина Шуто Оризари, на депонијата „Визбегово“ било запалено ѓубре. Ниска вегетација горела во општина Студеничани, селата Марково Сушица и Осинчани.

Ndaje

Të ngjashme