Portali X
Lajme

Алиу: Набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, тоа ќе се прави два пати годишно

1 min 0
Алиу: Набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, тоа ќе се прави два пати годишно
Ky artikull nuk është përkthyer ende në shqip.

Листата на лекови ќе биде ревидирана два пати годишно и ќе имаме нови лекови. При крај е една од процедурите и се надевам дека набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Тој посочи дека веќе има прв чекор, има нов информациски електронски модул „Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови” и преку него ќе се знаат датумите кога ќе одржуваат состаноци членовите на Комисијата за ревидирање на позитивната листа и кога ќе има нејзино проширување.

Ndaje

Të ngjashme