Portali X

Поткатегорија

#Mjedisi

Стории

Директорот на ЦУК “прави теле” од народот со слика од пожарите од Калифорнија
·2 min

Директорот на ЦУК “прави теле” од народот со слика од пожарите од Калифорнија

Фотографија од новородено теле, спасено од пожарите во Калифорнија, теле спасено во Македонија и објава која ги претстави двете различни случувања како една иста приказна. Дури по проверката на ПорталИкс, директорот на ЦУК, Мухамед Али, призна дека фотографијата не е од настанот во Северна Македонија и дека била употребена само како илустрација. Иако не бил запознаен со вистинската приказна за телето на фотографијата, Али инсистира дека слична сцена се случила и во земјава и дека тој лично бил присутен при спасувањето.

Дали Министерството за животна средина делело незаконски државна помош во 2025година?
·2 min

Дали Министерството за животна средина делело незаконски државна помош во 2025година?

За Програмата за инвестиции во животната средина за 2025 година се издвоени средства за кои постојат сомневања дека биле доделени спротивно на законот. Сомнежите произлегуваат од тоа што за соодветните мерки, како што се наведува, не бил донесен претходен акт за одобрување на државната помош. Меѓу корисниците се и седум компании на кои им биле доделени вкупно 1,65 милиони денари, додека останатиот дел од средствата бил доделен на здруженија. Комисијата сè уште нема утврдено дали средствата навистина биле доделени незаконски.