XВести

Студентите во „Пелагонија“ ќе учат на свеќи, струјата исклучена поради долг

Студентите сместени во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје утрово останаа без струја, поради долг од над седум милиони денари.

Од Министерството за образование и наука информираат дека студентските домови имаат големи долгови, поради што вакви ситуации се случуваат често.

Ова не е прв проблем со условите во домот. Во ноември минатата година, студентите реагираа на појава на глувци, а од управата следеше ироничен одговор: „Од глувци ли се плашите“.

Студентите кои престојуваат во државните студентски домови низ земјата со години укажуваат на нехумани услови за живот. Тие се жалат на чести прекини на топла вода и електрична енергија, како и на неквалитетна исхрана.

Во меѓувреме, во тек е реконструкција на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје. Според најавите, тие треба да бидат повторно отворени за студентите од академската 2026/2027 година.

Related Articles

Back to top button