XВестиЛокално

Македонија без покана за „Board of Peace“ – меѓу повиканите Косово и Бугарија

Македонија до овој момент нема добиено покана за учество во Board of Peace, меѓународната иницијатива за решавање конфликти што ќе ја предводи поранешниот американски претседател Donald Trump.

Од Владата потврдиле дека таква покана не е пристигната, иако во изминатиот период беше истакнувано дека постои комуникација со актуелната американска администрација на Трамп. Сепак, Македонија не се наоѓа на листата од околу 50 избрани држави за оваа иницијатива.

Во исто време, меѓу државите кои добиле покана се и Косово и Бугарија, што дополнително ја нагласува отсуството на Македонија од оваа нова меѓународна платформа. Од Балканот, покани добиле и Хрватска, Албанија и Словенија, додека Србија не е меѓу повиканите земји.

Иницијативата првично беше насочена кон надгледување на прекинот на огнот во Газа, но подоцна е проширена со амбиција да посредува и во други меѓународни конфликти, што предизвика различни реакции и поделени ставови на меѓународната сцена.

Според предвидените правила, членството е ограничено на тригодишен мандат, освен доколку државата не уплати една милијарда американски долари, со што би стекнала постојано членство.

Во таков контекст, фактот што Македонија нема покана, додека Косово и Бугарија се меѓу повиканите, отвора прашања за меѓународната позиција и дипломатската тежина на земјата во новите глобални иницијативи.

Related Articles

Back to top button