XВестиЛокално

Беким Сали на чело на Алтернатива, упати повик за обединување

По оставката на Зеќирија Ибрахими од функцијата претседател на Алтернатива, раководењето со партијата го презема Беким Сали. Тој им упати повик на членовите на Алтернатива и на коалицијата ВЛЕН да останат обединети и да ја продолжат започнатата работа, нагласувајќи дека политичките процеси бараат заедничка енергија и волја.

Сали истакна дека единството и политичката зрелост ќе бидат клучни во периодот што следува.

Во своето обраќање, тој му се заблагодари на Зеќирија Ибрахими за неговиот придонес и улога во партијата, додавајќи дека тој останува важна референтна точка за Алтернатива.

„Ова е наш заеднички момент. Ве повикувам сите да останеме обединети и решителни, за работата да продолжи со нова енергија. Професоре Зеќирија, ви благодарам за довербата, поддршката и пријателството. Вашата улога не завршува, само ја менува формата“, порача Сали.

Related Articles

Back to top button