XВестиЛокално

Целото раководство на СДСМ поднесе оставка

Целото раководство на СДСМ си поднесе оставка на синоќешната седница на Извршниот одбор, по барање на претседателот Венко Филипче. Оставките се доставени до Централниот одбор и до самиот претседател, кој го води процесот на внатрепартиските реформи.

Од функциите се повлекоа заменик-претседателката Фани Каранфилова-Пановска, потпретседателите Каја Шукова, Кристина Костова, Методија Илиевски и Ана Чупеска, генералниот секретар Александар Димитриевикj, како и организациските секретари и сите членови на Извршниот одбор.

Од партијата велат дека со овој „одговорен и морален чекор“ се отвора простор за ново поглавје – освежување на кадрите, вклучување нови лица, јакнење на организациската поставеност и внатрешна мобилизација.

На една од следните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи нов состав на партиските органи. Од СДСМ најавуваат дека за сите раководни позиции ќе се изберат „најкомпетентни личности“.

Related Articles

Back to top button