XВестиЛокално

Федерика Могерини уапсена во Белгија под сомнение за измами со средства на ЕУ

Поранешната висока претставничка за надворрешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини, е уапсена од белгиските власти во рамки на голема истрага на Европското јавно обвинителство (EPPO), поврзана со сомнежи за измами со средства на ЕУ. Веста прво беше објавена од белгиски медиуми, а подоцна ја потврдија и меѓународни извори.

Според EPPO, истрагата се однесува на користењето на европските средства во периодот 2021–2022 за Европската дипломатска академија – програма за обука на млади дипломати од земјите членки. Се сомнева дека имало сериозни неправилности во тендерските постапки, меѓу кои измама со јавни набавки, корупција, судир на интереси и злоупотреба на доверливи информации.

Белгиската полиција спроведе претреси во канцелариите на Европската служба за надворешно дејствување (EEAS) во Брисел, како и во објекти на Колеџот на Европа во Бриж, каде што Могерини е ректорка. Покрај неа, уапсени се уште две лица, а за дел од осомничените претходно било одобрено и одземање на имунитет.

Меѓународните медиуми јавуваат дека истрагата започнала по иницијални дојави од Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), по што се проширила во координирана акција со претреси во институции на ЕУ и приватни домови.

Могерини моментално се наоѓа во полициски притвор. Ниту таа, ниту EEAS, ниту Колеџот на Европа засега немаат дадено јавен коментар.

Случајот предизвика силни реакции во европските политички кругови, отворајќи повторно прашања за начинот на управување со јавните средства и за интегритетот на тендерските постапки во рамки на институциите на ЕУ. Од EPPO најавуваат дека истрагата продолжува и дека се очекуваат нови информации во деновите што следат.

Related Articles

Back to top button