Uncategorized @mkXВестиЛокално

Ротации во коалицијата „Влен“: Ќе се менуваат и Азир Алиу и Башким Бакиу

Покрај Орхан Муртезани, кој се очекува да биде именуван за амбасадор на РСМ во НАТО и да му го отстапи своето место на министерот за европски прашања Беким Сали, во коалицијата „Влен“ ќе се случат уште неколку ротирања.

Министерот за здравство Азир Алиу ќе премине на чело на Агенцијата за електронски комуникации, а неговата функција ќе му ја отстапи на Башким Бакиу, кој моментално ја извршува функцијата директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Иако овие предлози сè уште не се доставени официјално до Владата, се очекува оваа формалност да се заврши во понеделник.

Со тоа, конечната распределба на функциите во „Влен“ ќе изгледа вака:

  • Беким Сали – Прв вицепремиер и министер за европски интеграции
  • Мухамед Хоџа – Министер за екологија
  • Башким Бакиу – Министер за здравство
  • Азир Алиу – Директор на Агенцијата за електронски комуникации
  • Орхан Муртезани – Амбасадор во Брисел

Related Articles

Back to top button