XВестиЛокално

Масовно труење на деца во училиштето „Димо Хаџи Димов“: најмалку 40 заболени, родителите велат и до 80

Масовно труење на деца во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош, каде што најмалку 40 ученици од пониските одделенија пријавиле силни болки во стомакот и нагон за повраќање. Дел од родителите тврдат дека вистинската бројка може да достигне и до 80 деца, а неколку од нив биле однесени на лекарска помош.

Директорката на училиштето, Лејла Николоска, потврди дека вчера учениците за појадок имале корнфлекс со млеко, а за ручек мусака, подготвена од компанијата „Ванила фуд“. Симптомите кај децата се појавиле откако се вратиле дома.

Сепак, дел од родителите сомневаат дека причината може да биде и водата, бидејќи има заболени и меѓу ученици од 7-мо и 8-мо одделение кои не се хранат во училишната кујна.

Од АХВ, заедно со инспектори од ДСЗИ, Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје, информираат дека се врши вонреден инспекциски надзор во кујната на училиштето, која е привремено затворена. Земени се мостри од храната, работните површини и приборот, а ќе се спроведе и епидемиолошка анкета согласно националниот протокол.

Микробиологот Никола Пановски изјави дека најверојатно се работи за труење од месото во мусаката, бидејќи млекото не би предизвикало труење на толку голем број деца. Според него, не се работи за салмонела, затоа што симптомите би се појавиле по 2–3 дена, а не истиот ден.

Related Articles

Back to top button