XВестиЛокално

Георгиев: Улогата на Муцунски е да ја убеди својата влада за уставните измени

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, изјави дека повеќепати разговарал со својот колега од Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, за спроведувањето на уставните измени кои се дел од Преговарачката рамка на земјата со Европската Унија.

„Разговарав многу пати со Тимчо Муцунски. Тој многу добро и јасно ја знае нашата позиција. Но, од овој момент па натаму, неговата улога е да ја убеди својата влада да се придржува до консензусот од 2022 година“, изјави Георгиев, говорејќи за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

„Од наша страна поднесовме многу сериозно барање. Во мај годинава, со 209 гласа, бугарското Собрание усвои одлука што ја обврзува владата да се придржува исклучиво до консензусот од 2022 година и до ништо друго. Но, сè уште немаме добиено позитивен одговор од Скопје“, нагласи Георгиев, пренесе ‘БГНЕС’.

Георгиев додаде дека Северна Македонија со своите постапки остава простор за сомнеж во искреноста кон евроинтеграцискиот процес.

„Не може на ниту еден начин да нѐ обвинат за нашите намери или за непочитување на важноста на ова прашање. Но, неспроведувањето на консензусот од 2022 година, фактот што Република Северна Македонија и властите таму категорично одбиваат да започнат со реформите – со измените на Уставот и со внесувањето на Бугарите во него – покажува дека уште во многу рана фаза, односно на самиот почеток на процесот на пристапување, тој е поткопан од политичка неактивност“, истакна Георгиев.

Related Articles

Back to top button