XВестиЛокално

Обвинителството не може кривично да ги гони малолетничките што ја претепаа и снимаа нивната врсничка, за едната започнува воспитна постапка

Основното јавно обвинителство во Штип го информираше PortalinX дека во случајот на физичкото насилство меѓу малолетници, кој го објавивме пред неколку дена, три од децата вклучени во нападот се под 14-годишна возраст и според законот не можат да сносат кривична одговорност.

„Три од децата вклучени во физичкото насилство се под 14 години и според законот не можат да сносат кривична одговорност. За нив ќе се донесе решение за отфрлање на кривичната пријава, а социјалните служби се известени да преземат мерки за помош и заштита“, велат од Обвинителството за PortalinX.

Обвинителството дополнително ги известило надлежните социјални служби да постапат согласно законските надлежности. Трите деца, заедно со нивните законски застапници, биле повикани во обвинителството за да дадат изјава, каде им било укажано на последиците од нивното однесување кон оштетената девојка.

Во меѓувреме, за едно од децата кое во моментот на настанот имало наполнето 14 години, е отворен предмет и против него ќе се води постапка согласно Законот за правда за децата. Обвинителството до судија за деца ќе достави барање за поведување подготвителна постапка со предлог да му бидат изречени воспитни мерки.

Related Articles

Back to top button