XВестиЛокално

Адеми: Извештајот на Европската комисија е аларм – Македонија со најслабата оценка во последните 10 години

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, остро реагираше на најновиот извештај на Европската комисија за Северна Македонија, оценувајќи го како „најнегативниот во изминатата деценија“. Според него, документот јасно ја отсликува длабоката институционална стагнација и отсуството на вистински реформи.

Адеми нагласува дека критиките од Брисел не се само технички забелешки, туку сериозни предупредувања дека земјата значително се оддалечила од европскиот пат.

„Извештајот вели јасно: уставните измени, кои се недвосмислен услов од Европскиот совет, воопшто не се ни обидени да се реализираат. Нема чекор, нема иницијатива“, изјави тој.

Според него, реформата на јавната администрација доживеала целосен неуспех. Администрацијата и понатаму функционира по партиски клуч, без меритократија и без европски стандарди. „Реформите постојат само на хартија, практичниот имплемент е целосно отсутен“, додаде Адеми.

Ниту во сферата на демократијата состојбите не се подобри. Извештајот констатира дека земјата не ги адресирала препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија за изборниот интегритет, транспарентноста и функционирањето на институциите. „Дури и Собранието, клучниот столб на демократијата, не функционира како што треба“, истакна тој.

Економската слика, според Адеми, е еднакво загрижувачка: висока инфлација, зголемени дефицити и ниска конкурентност. Тој ја критикуваше и неспособноста на владата да ги искористи европските фондови. „Ова е директна загуба за граѓаните и за развојот на државата“, рече Адеми.

Во заклучок, Адеми предупреди: „Ако овој извештај не ја разбуди владата и институциите, тогаш Северна Македонија сериозно ризикува да го изгуби чекорот со европските процеси.“

Related Articles

Back to top button