XВестиЛокално

Ковачев бара објавување на списокот со македонски државјани со бугарски пасоши

Бугарскиот европратеник од Европската народна партија, Андреј Ковачев, побара итно усвојување на измените во Законот за бугарско државјанство, на средба со бугарски новинари во Брисел. Според него, актуелниот закон е нелогичен и не овозможува „соодветно легитимирање“ на бугарската заедница во Република Северна Македонија.

Предложените измени предвидуваат дел од личните податоци на лицата кои добиле бугарско државјанство да станат јавни, со цел, како што рече тој, „да се потврди нивната идентификација како етнички Бугари“.

„Ова ќе покаже колкава е бугарската заедница во Република Северна Македонија, која поседува бугарски документи за идентификација“, изјави Ковачев.

Тој објасни дека нацрт-законот предвидува создавање јавен регистар при бугарското Министерство за правда, со ограничен број податоци – името и местото на живеење на лицата кои побарале и добиле бугарско државјанство.

„Тие се над 170–180 илјади во однос на Македонија, а моментално има уште околу 15–20 илјади барања кои се обработуваат. Луѓето самите доброволно поднеле документи и изјавиле дека нивните предци биле Бугари – приложиле докази од егзархијата, војската или бугарските училишта. Потпишале декларација дека се чувствуваат етнички Бугари и врз таа основа добиле бугарско државјанство“, изјави Ковачев за бугарските медиуми.

Related Articles

Back to top button