XВестиЛокално

Академикот Изет Зеќири стана редовен член на МАНУ, Невзат Бејтули избран за дописен член

На денешната 21-ва седница на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беа избрани нови членови во неколку категории.

МАНУ соопшти дека за редовни членови се избрани дотогашните дописни членови Изет Зеќири и Блажо Боев.

За дописни членови се избрани:
проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки,
проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за технички науки,
проф. д-р Александар Узунов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки,
како и проф. Жарко Башески, проф. Невзат Бејтули, проф. д-р Драган Даутовски и проф. д-р Ивица (Иван) Ѓепаровски во Одделението за уметности.

За членови надвор од работниот состав се избрани:
проф. д-р Стојко Стојков од Одделението за општествени науки,
проф. д-р Светлана Мојсов од Одделението за медицински науки,
проф. д-р Гордан Караман од Одделението за природно-математички и биотехнички науки
и проф. д-р Сибила Петлевски од Одделението за уметности.

Во категоријата почесни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Трајче Стафилов од Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Владо Поповски од Одделението за општествени науки.

Related Articles

Back to top button