
Изет Меџити денеска официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Чаир, враќајќи се, како што рече, „во местото каде што започна сè“. Во своето прво обраќање по примопредавањето на функцијата, Меџити изрази длабока благодарност до граѓаните кои му овозможија „неоспорлива победа“ и најави дека овој мандат ќе означи „ново поглавје за Чаир“.
„Денес ја презедов функцијата градоначалник на Општина Чаир. Од денес се враќам меѓу моите луѓе, со чест, со понизност и со длабока благодарност. Се враќам таму каде што започна сè“, изјави Мехџити.
Тој нагласи дека довербата што ја добил од граѓаните претставува голема одговорност и дека неговото водење ќе се заснова на чесна работа, конкретни резултати и транспарентност.
„Ова масовно гласање беше јасна порака од граѓаните на Чаир дека сакаат континуитет, развој и работа. И тоа ќе го имаат,“ додаде Мехџити, потенцирајќи дека „Чаир е дел од мојот идентитет, мојата лична историја и мојата јавна мисија.“, рече Меџити.
Во своето обраќање, Меџити најави нова етапа за општината, нагласувајќи дека ќе работи заедно со граѓаните, со јасен план, транспарентност и храброст за големи промени.



