XВестиЛокално

Во Блаце уапсен државјанин на Косово, управувал „БМВ“ што се барало од Интерпол на Германија

Државјанин на Косово, кој управувал автомобил „БМВ“ со германски регистарски таблички, е уапсен на граничниот премин Блаце во Северна Македонија, откако при извршената контрола е утврдено дека возилото се бара од Интерпол на Германија.

„На Граничниот премин Долно Блаце вчера во 09:15 часот на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.К.(28) од Р. Косово, затоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со германски национални ознаки, кое тој го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање на Интерпол – Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка„.

Related Articles

Back to top button