
„Во политиката сè е можно“, со оваа изјава премиерот Христијан Мицкоски не негираше дека Зиадин Села, кој во моментов е дел од опозицискиот коалициски блок НАИ, може да стане дел од Владата.
Мицкоски во Струга беше прашан дали постои можност да се случи она што вицепремиерот Изет Меџити го најави на ТВ21, дека „се водат разговори со сите“, при што одговори конкретно на прашањето дали се очекува Села да стане дел од Владата.
Меѓутоа, веднаш следуваше реакција од Села. Преку својот профил на Фејсбук тој ги негираше сите форми на комуникација со Меџити и изјави:
„Ти во комуникација со мене – НЕ. Јас дел од Владата – НЕ. Јас на страна на тие што сакаат да ни ги поништат правата како народ – НЕ.“
 
					 
					


