XВестиЛокално

Сирија ја призна независноста на Косово – Османи му се заблагодари на принцот на Саудиска Арабија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, објави дека Сирија официјално ја признала независноста на Република Косово. Таа изјави дека до ова признание се дошло со посредство на принцот на круната на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман Ал Сауд.

Османи му се заблагодари на принцот и на сирискиот претседател Ал Шара за, како што рече, историскиот чекор кон зајакнување на меѓудржавните односи.

„Ова признание не е само потврда на суверенитетот, туку и почит кон жртвите на двата народа за слобода,“ изјави Османи.

Со ова, бројот на земји што ја признале независноста на Косово достигна 120.

Related Articles

Back to top button