XВестиЛокално

Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог, потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог.

-Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме од регионот, тој ни е судбина, ова важи не само за нас кои се уште чекаме да станеме кандидати или да ги завршат некои држави преговорите со ЕУ, но и за оние коишто веќе се во ЕУ, а припаѓаат на нашиот регион, изјави Сиљановска-Давкова по завршувањето на сесијата, со која модерираше Мишел Дикло од „Институтот Монтејн“.

На сесијата претседателаката зборуваше и за безбедносната состојба во Европа поради која, како што рече, не смееме да бидеме оставени во геополитички вакуум и го реафирмираше ставот дека проширувањето на Унијата е безбедносно, а не само прашање на проширување.

-Она што е чудно е што во 2019 година беа сменети правилата на играта среде игра, што е невообичаено ни за спортски натпревари, ниту пак во политички преговори, бидејќи беше воведена нова методологија, истакна Сиљановска-Давкова во изјавата.

Според неа, од интерес за регионалната стабилност, регионалната демократија, но и за Европската Унија е да гледа на регионот како на систем на врзани садови и да направи храбар чекор како оној во 2004 година, односно да покаже иновативност во креирањето на конечни решенија за т.н. Западен Балкан, како неразделен дел од Европа.

Related Articles

Back to top button