XВестиЛокално

Може да се пие водата од тетовскиот водовод, микробиолошките параметри се во ред

Водата од тетовскиот водовод може да се пие, покажаа испитувањата и анализите на Одделението за хигиена и здравствена екологија при Центар за јавно здравје Тетово, по големата заматеност на водата од планинските извори во неделата поради интензивните врнежи од дожд.

Првично беше утврдено дека има физичко-хемиска исправност во неделата, по што до денес во Центарот за јавно здравје се чекаа микробиолошките резултати кои исто така покажуваат дека водата за пиење е безбедна за пиење.

-На основа на резултатите од извршение испитувања и стручната анализа, одговара водата за употреба согласно прописите за безбедност на водата за пиење, информира д-р Ратко Давидовски, раководител на Одделението за хигиена и здравствена екологија при Центар за јавно здравје Тетово.

Во тетовската водоводна мрежа денес се користат само 190 литри вода во секунда од планинските извори на Попова Шапка, додека се уште се чека можноста да се користат и количините кои доаѓаат од новиот водоснабдителтен систем од Лешничка река. Овој систем прв беше исклучен откако голема матност беше евидентирана во Пречистителната станица.

Related Articles

Back to top button