
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, ја посети Оперативно–дежурната служба, каде што одблиску беше информиран за состојбата по врнежите од дожд на целата територија на државата, информираат од ЦУК.
Според податоците од терен, ситуацијата е мирна и засега не се регистрирани поплави, освен во регионите на Гостивар и Тетово.
Во Гостивар, на улицата „18 Ноември“, се затнати пет шахти кои претставуваат потенцијален ризик од поплавување на неколку околни куќи. Во Тетово, пак, во населбата „Дарданија“ се регистрирани поголеми количини врнежи.
Надлежните екипи се на терен и преземаат мерки за прочистување на шахтите и нормализирање на состојбата. ЦУК продолжува внимателно да ја следи ситуацијата на целата територија на државата по врнежите од дожд, велат од институцијата.


