XВестиЛокално

Почна втората фаза од продажбата билети за СП2026

Од денеска е во тек втората фаза од продажбата на билети за Светското првенство во 2026 година, а за да купат влезници навивачите е потребно да се регистрираат на веб-страницата на ФИФА до 31 октомври.

За разлика од првата фаза од продажбата на билети, која беше отворена само за сопственици на Visa картички, втората фаза е отворена за сите заинтересирани.

Најниската цена за билети за натпревари во групната фаза се очекува д изнесува 60 долари.

Според податоците на ФИФА, најскапите билети за финалето, кое ќе се одржи на 19 јули во Ист Ратерфорд во близина на Њујорк, ќе чинат повеќе од 6.000 долари.

Порталот Атлетик објави дека цените за воведниот натпревар од Светското првенство, што ќе се одигра на 11 јуни на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити се движеле од 370 до 1.825 долари.

Цените на билетите, исто така, зависат од локацијата, а агенцијата ДПА објави дека натпреварите од групната фаза во Бостон ќе бидат поевтини од дуелите во Лос Анџелес.

Третата фаза од продажбата на билети ќе почне по 5 декември, за кога е закажано извлекувањето на групите за Светското првенство.

Останатите билети ќе бидат пуштени во продажба непосредно пред почетокот на Светското првенство.

Related Articles

Back to top button