XВестиБалкан

Пропадна обидот на Курти да ја формира Владата

Мандатарот за премиер, Албин Курти, изјави дека не успеал да обезбеди коалиција за да ја води владата.

„Ниту една од парламентарните партии на кои им упативме покана не прифати да влезе во заедничко владеење, иако гласот на граѓаните го определи тоа да има коалиција. Доколку понудата беше прифатена, денес ќе му понудевме на државата влада и ќе ги имавме бројките за да ја поминеме и пречката со претседателот“, рече тој на почетокот од своето обраќање пред пратениците во Собранието на Косово.

„Во отсуство на Собранието овие месеци, 33 агенции останаа без надзор. Слично, секој ден без влада е загубен ден за развојот, за граѓаните и за државата. Ако не се изгласа новата влада, ќе продолжи владата во оставка. Денес не сме тука да делиме власт, иако имавме искрени понуди за партиите. Го повикувам секој пратеник да гласа не за партиски, туку за јавен и државен интерес“, додаде Курти.

Тој нагласи дека без влада, институциите се блокирани и го повика политичкиот спектар на соработка за стабилноста на државата.

„Го повикувам секој пратеник да гласа не за интересите на својата партија, туку за јавниот и државниот интерес“, порача тој.

Курти ги наброја и петте први одлуки кои, како што рече, би ги донела владата доколку го добие довербата на пратениците:

  1. Усвојување на предлог-буџетот за 2026 година
  2. Одлука за утврдување на минималната пензија од 150 евра, што ќе опфати 200 илјади пензионери
  3. Одлука за зголемување на додатоците за деца за 50 отсто
  4. Зголемување на минималната плата на 500 евра
  5. Усвојување на измените на законот што ќе овозможат укинување на ограничувањето за работен ангажман во приватниот сектор за ветераните

Related Articles

Back to top button