XВестиЛокално

Хаќим Рамадани: Не ја давам мојата општина за никаква цена

Хаќим Рамадани од Брвеница реагираше откако последниве денови беше меѓу најспоменуваните имиња на порталите, а денес беше критикуван и од премиерот Христијан Мицкоски.

Рамадани преку објава на Фејсбук изјави дека не го интересира што пишуваат порталите, бидејќи, според него, сè се прави за општински калкулации.

Тој ветува дека нема да ја даде својата општина, Брвеница, за никаква цена и дека ќе ги заштити сите жители, без разлика дали се Албанци или Македонци.

„Не ме интересира што пишуваат порталите за кликови и провокации, особено Инфомакс кој ја започна оваа провокација за калкулации низ други општини.
Најважно е да бидеш чист со себе, бидејќи начинот на кој медиумите го пренесуваат тоа е нешто друго.
Не ја давам мојата општина за никаква цена и ќе го заштитам секој жител на мојата општина, било тој Албанец, Македонец или припадник на другите народи што живеат во општина Брвеница.“

Related Articles

Back to top button