
СВР Тетово информира дека во рок од само 24 часа се регистрирани три случаи на семејно насилство.
„На 24.10.2025 година во 16:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Жеровјане го лишиле од слобода лицето Н.Ј. (65) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал и и нанел повреди на неговата сопруга на возраст од 63 години, констатирани во Клиничката болница Тетово. Тој е задржан во полициската станица и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Тетово.
„На 24.10.2025 година во 22:40 часот на улицата ‘Илирија’ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето Н.Д. (42) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга, а потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници додека извршувале службени дејствија. Тој е задржан во полициската станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава“, додадоа од СВР Тетово.
„На 25.10.2025 година во 00:30 часот во Секторот за внатрешни работи Гостивар, 50-годишен гостиварец пријавил дека околу 00:15 часот, во дворот од куќата каде што живеат одвоено со неговата поранешна сопруга С.К., бил физички нападнат од неа и од нејзиниот брат И.С. од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, истакнаа од СВР Тетово.



