
Потресени, но не и изненадени, повторно го слушнавме Али Ахмети како експлодира со банален, навредлив и недостоен речник за човек што некогаш тврдеше дека ги претставува Албанците, стои во писмената реакција на ВЛЕН.
„Од ‘кучињата’ па сѐ до ‘Газиместан’, овој срамен речник е најјасниот доказ за губење на контролата, паниката и политичкиот крај на човек кој 20 години го третираше сопствениот народ како приватен имот. Ахмети денес не зборува веќе како политички лидер, туку како некој што се дави во својот говор на омраза. Кога човек кој раководел две децении го нарекува сопствениот народ ‘Газиместан’ и ги навредува со ‘700 илјади мајки’, тогаш секој Албанец разбира дека овој човек не претставува никого повеќе, освен себе и неговиот привилегиран круг. Албанците во Северна Македонија, и оние што гласаа за ВЛЕН, и оние што гласаа за АКИ, не се ‘Газиместан’, туку се горд народ кој минатата недела, во неделата на 19 октомври, покажа висока демократска зрелост и решително проговори за промените“, стои во реакцијата на ВЛЕН.



