XВестиЛокално

Уште една недела кампања пред неделните избори

Остануваат уште осум дена до финалното гласање на локалните избори што ќе се одржи на 2 ноември во 32 општини и во Град Скопје.

Според Државната изборна комисија, рокот за пријавување на болни и немоќни лица за гласање истекува вечерва на полноќ, додека за лицата во домашен притвор на 28 октомври. Тие, заедно со затворениците и штитениците во домовите за стари лица, ќе гласаат на 1 ноември, еден ден пред изборите.

Во овој период, партиите и кандидатите одржуваат средби со граѓаните со послаб интензитет, а продолжува и акредитацијата на набљудувачите за вториот круг.

Во Скопје, најзначајната трка се води меѓу Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ) и Амар Мешиновиќ (Левица).
Во албанскиот политички блок, силни дуели се очекуваат во Тетово (Билал Касами – ВЛЕН и Бајрам Режепи – АКИ), Кичево (Фатмир Дехари – АКИ против кандидат на ВМРО-ДПМНЕ) и Струга (Менди Ќира – независен против Арсим Далипи – АКИ).

Во меѓувреме, изборниот процес е завршен во 43 општини, а во неколку други, поради неисполнет цензус, гласањето ќе се повтори во рок од 60 дена.

Related Articles

Back to top button